Сегашно време кај глаголите од прва група

Во францускиот јазик глаголите ги делиме на правилни и неправилни. Tие пак се поделени во три групи и тоа: глаголи од прва група што завршуваат на -er, глаголи од втора група што завршуваат на -ir и глаголи од трета група или сите неправилни глаголи. Како правиме сегашно време или Présent кај глаголите од прва група или кај глаголите што завршуваат на -er?

Го земаме инфинитивот од глаголот ( инфинитив се дефинира како основна форма на глаголот. Меѓутоа во македонскиот јазик нема инфинитив и затоа како основна форма на глаголот земаме сегашно време од глаголот во трето лице еднина) и од него(од инфинитивот)ја тргаме наставката -er. На тоа што ќе остане т.е на основата додаваме наставки за сегашно време и тоа:

еднина множина

1. – е    1. ons

2. – es   2. – ez

3. – e     3. – ent

Во примерот во видеото го имате глаголот chanter ( пее) изменет по лица.

Неколку линкови за вежби со сегашно време кај глаголите од прва група:

Линк 1, Линк 2, Линк 3

Facebook Comments