Собата на Никола

На интернет можете да најдете многу игри за декорирање на соба, но многу често се случува компјутерите да не работат (Нема интернет врска, нема глувче, нема тастатура, стари се и бавни со застарен софтвер, со еден збор ако ви работат компјутерите навистина имате среќа).
Поради овие технички причини, а и да си го олеснам животот како наставник ја направив оваа игра за декорирање. Откако на вашите ученици ќе им ги поделите листовите со празната соба, инструкциите и мебелот, тие треба да ги разберат инструкциите напишани на француски и според нив да ја уредат собата на Никола. Учениците работат во групи, ги читаат инструкциите и го лепат мебелот во празната соба. (За да ви биде полесно и побрзо да работите можете вие да го исечете мебелот). Така ќе можете да проверите дали вашите ученици разбираат едноставни упатства со лексика за мебел и предлози за место. На крај ги проверувате резултатите, споредувате и прогласувате победник. 

Пробајте ја играва и за вашето искуство пишете ми во коментари. 

Собата на Никола

Facebook Comments

One thought on “Собата на Никола