Франкофонија

Франкофонија (фр. L’OIF) службен назив „Меѓународна организација на франкофонијата“, е составена од голем број на држави, земји и региони на сите пет континенти во светот кои го користат францускиот јазик како национален, службен, работен и во меѓународните комуникации. Франкофонијата е француски израз, за првпат употребен во 1880 година, од страна на францускиот географ Onesim Reclus, брат на Elise Reclus, кој ја означил заедницата на луѓе и држави во светот кој го користат францускиот јазик. Франкофонијата ја сочинуваат 57 земји членки и 14 земји набљудувачи со 950 милиони жители, и површина од 28 милиони километри квадратни.

Во секоја од овие земји францускиот јазик е или мајчин, или службен, или официјален со некој друг јазик, или употребуван во разни институции или барем во мал дел се користи. Модерната франкофонија датира од 1970 година. Нејзиното мото е еднаквост, комплементарност, солидарност (egalite, complementarite, solidarite). Во почетокот франкофонијата (La Francophonie) била мала заедница од земји во кој се зборувало францускиот јазик, додека денеска таа е меѓу трите најголеми организации во светот, чии што земји соработуваат на културно поле, науката, економијата, правдата и мирот.

20 Март е прогласен за Меѓународен ден на Франкофонијата. 

Facebook Comments