Показни придавки на француски

Како во македонскиот така и во францускиот јазик придавката мора да се усогласува по род и по број со именката која што ја определува.

Показни придавки во францускиот јазик се: 

  • Ce (овој,оној) = за машки род еднина кога именката започнува со согласка

Пр. J’aime ce livre. – Ја сакам оваа книга.

  • Cet (овој,оној) = за машки род еднина кога именката започнува со самогласка или со немо h. 

Пр. Cet homme est gentil. – Овој човек е љубезен.

  • Cette (оваа,онаа) = за женски род еднина

Пр. Cette fille est americaine. – Ова девојче е американка.

  • Ces ( овие,оние) = за двата рода во множина

Пр. Donne-moi ces livres! – Дај ми ги овие книги!

Показната придавка стои секогаш пред именката. Ако предметот е далеку од нас го користиме прилогот -là ( таму) a ако предметот е близу до нас го користиме прологот  -ci (овде).

Пр. Ce prof-ci parle beaucoup, Ce prof -là est sympatique. – Овој професор овде зборува многу, оној професор таму е симпатичен. 

показни придавки на француски јазик
Вежби од граматика

Facebook Comments